Logo-en

Повик за ангажирање експерт за спроведување обука за граѓански организации „Активни граѓани за подобри јавни услуги“

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, поддржан од Европската унија, има потреба од ангажирање експерт за спроведување обука за граѓански организации. Проектот има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ.

1. За целта на обуката

Во склоп на активностите на проектот, формирана е мрежа на граѓански организации за подобрување на јавните услуги. Членките на мрежата ќе учествуваат на повеќе обуки, работилници и јавни дебати во рамки на настанот. Оваа обука има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации кои се членки на мрежата за мониторинг и активно вклучување во реформските процеси поврзани со испораката на јавните услуги, со фокус на најдобри практики од Европската унија за дигитализација на испораката на услугите.

2. Работни задачи

Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности. Експертот, во соработка со проектниот тим, треба да ги оствари следните задачи:
  • Подготовка на материјали за обуката на следните теми: дефиниции на различни видови на јавни услуги, правна основа за испорака на јавни услуги, европски иновативни практики за дигитализација на испораката на јавни услуги;
  • Спроведување на еднодневна обука;
  • Подготовка на извештај од обуката;
  • Учество на дебата за јавни услуги организирана во рамки на проектот.
  • 3. Постапка за избор

    Експертот кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:
  • Искуство од најмалку 3 години во активности поврзани со јавните услуги (истражувања, анализи, креирање или застапување за јавни политики);
  • Искуство од најмалку 3 години во соработка со граѓанското општество и донаторски финансирани проекти;
  • Оправданост и соодветност на финансиската понуда согласно искуството на експертот.
  • 4. Начин на аплицирање

    Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на следните документи:
  • Кратка биографија
  • Финансиска понуда (треба да содржи бруто сума по ден за вкупно 4 дена и истата претставува предмет на преговори и одобрување од страна на корисникот на услугата, т.е. Асоцијацијата Зенит
  • Документите треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk заклучно со 08.06.2018 г.

    ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

    За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на zenith@zenith.org.mk

    ________________________________________________________________

    Оглас за вработување

    Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје огласува едно слободно работно место: Координатор за застапување и комуникации (Advocacy and lobbying coordinator) на проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“.

    Главни задачи и активности

    1. Организирање и учествување на настани во рамки на проектот
    2. Подготовка на извештаи од одржани настани и придонес во подготовката на проектнте извештаи
    3. Спроведување активности за застапување засновано на докази и споделување повратни информации и исходи
    4. Подготвување, издавање и претставување на публикации
    5. Организирање промотивни активности за јакнење на граѓанската свест за органското производство
    6. Организирање средби со засегнати страни
    7. Одржување редовна комуникација со медиуми

    Потребни вештини и квалификации

    1. Универзитетско образование во општествени или природни науки
    2. Професионално искуство во работа на проекти во граѓански организации
    3. Комуникативност, тактичност, способност за тимска работа
    4. Одлично познавање на англиски јазик и на MS Office
    5. Познавање на состојбата и проблемите со органското производство во Македонија ќе се смета за предност

    Ангажман: 40 часа неделно

    Ангажманот на работното место е предвидено да започне на 18.05.2018 година, а договорот ќе биде склучен на определено време (важност најмногу до 31.07.2018 година).

    Плата: 25.000 денари

    Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, заедно со мотивациско писмо на zenith@zenith.org.mk заклучно со 15.05.2018 година. Селекцијата ќе се спроведе врз основа на доставените апликации, а по потреба избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

    -----------------------------------------------------------------

    Повик за ангажирање ИТ експерт или тим од експерти за изработка на онлајн ресурсен центар со електронски алатки за набљудување и оценување

    1. За проектот

    Проектот „Нема подобрување без мерење – иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“ има за цел да го унапреди управувањето со граѓанските организации во Македонија и да ја подобри нивната способност да мобилизираат ресурси и конституенти за промовирање општествена промена. Специфична цел на проектот е да ги унапреди капацитетите и соработката за систематско набљудување, оценка и известување на граѓанските организации во Македонија. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, а е спроведуван од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

    2. За целите на онлајн ресурсниот центар со електронски алатки за набљудување и оценување

    Во склоп на активностите на проектот, треба да се изработи онлајн ресурсен центар со електронски алатки за набљудување и оценување кои ќе содржат различни модули, вклучително и за подготовка на онлајн извештаи, приказ на успешни постигнувања и генерирање на предлог показатели во различни области на делување на граѓанските организации. Овие алатки ќе имаат практична употребна вредност за граѓанските организации.

    3. Опис на работните задачи

    ИТ експертот или тимот експерти треба да бидат во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности, како и да обезбедат соодветна обука за користење на изработените алатки и кратки инструкции за корисниците на алатките. Треба да ги изработат следните алатки:

    - Алатка за креирање показатели за резултати (на ниво на исход и влијание) од активностите на граѓанските организации, со примери за избрани сектори на делување.

    Оваа интерактивна алатка ќе им понуди на посетителите предлог-исходи (outcomes) од активностите на нивните граѓански организации (т.е. опис со каква општествена или организациска промена резултирале), како и предлог показатели на ниво на исход. Предложените исходи и показатели ќе служат како примери кои ќе можат да се употребат и/или модифицираат при проектно планирање и разработка на логичка рамка. Показателите ќе бидат неутрално формулирани и нема да нудат почетни и целни вредности.

    Функционалност на алатката (чекор по чекор):

    1. избор на сектор на делување, односно домен на промена, согласно стратешките области и трансверзалните теми на Цивика мобилитас (добро владеење, децентрализација, развој на граѓанското општество; родови прашања, меѓуетнички односи и миграции), како и други области;
    2. избор на потсектор (поспецифичен сегмент во рамки на главниот сектор);
    3. избор на очекуван исход од активностите на граѓанската организација (а за дел од исходите ќе има опција и за избор на подисход);
    4. приказ на неколку предлог-показатели за избраниот исход (опционално, може за индикаторите да се предложи соодветна алатка за следење на исходот)

    Финалниот продукт треба да биде приказ на избраниот очекуван исход и предлог-показателите, кои ќе можат да се преземат, односно копираат. Алатката треба да нуди можност да бидат избрани повеќе потсектори, односно исходи, а потоа да ги генерира сите показатели кои се поврзани со избраните исходи. Алатката треба да овозможи пребарување по поими, како на пример сектор на делување, очекуван исход, година и показател. Алатката треба да биде тријазична (македонски, албански, англиски) и да овозможува промена на јазик во било кој чекор од горенаведените (пример, предлог показателите во последниот чекор да може на барање на корисникот да ги прикаже на друг јазик, односно да не биде потребно корисникот да се врати на почетокот за да го промени јазикот). Алатката треба да биде достапна за логираните грантисти на Цивика мобилитас, но и за други посетители на сајтот кои нема да бидат логирани.

    - Алатка за генерирање приказни за постигнувања на граѓанските организации според концептот „најзначајна промена“

    Оваа интерактивна алатка ќе ги води корисниците низ процесот на опишување на најзначајните постигнати промени од нивната работа во изминатиот период (пр. 6 месеци или година) преку детализирани прашања кои ќе водат до формирање на приказната. Меѓу другото, ќе треба да се наведе: сектор на промена, потсектор на кој конкретно се однесува промената, опис на промената, клучни целни групи, можности за подобрување итн. Алатката ќе нуди можност да се прикачат и слики, кои заедно со текстот ќе генерираат документ во кој ќе биде изложена приказната. Корисниците треба да имаат можност да направат поситни измени на генерираниот текст (на пр. јазични корекции и прилагодување на форматирањето). Корисниците, ќе имаат можност да одберат дали приказната би се генерирала во ПДФ или ХТМЛ верзија која може да се прилагоди за на нивниот веб-сајт. Доколку корисникот сака да ја зачува приказната како ПДФ документ, треба да има неколку формати (templates) од кои ќе може да избере и во кои ќе може да внесе лого, или пак да има можност да прикачи меморандум на организацијата во кој ќе се внесе извештајот. Во однос на сликите, ќе се постави ограничување на нивната големина до 5 мегабајти. Алатката треба да ги зачувува внесените податоци откако корисникот ќе го генерира финалниот производ, со цел да може да се врати и да направи измени. Алатката треба да содржи инструкции за пополнување на три јазици (македонски, албански, англиски).

    Алатката треба да биде достапна за логираните грантисти на Цивика мобилитас, но и за други посетители на сајтот кои нема да бидат логирани. Доколку алатката ја користат логирани грантисти на Цивика мобилитас, алатката треба да им даде можност генерираната приказна да ја споделат со тимот на Цивика мобилитас и/или да биде објавена на страницата со профилот на нивната организација (grantee profile page) во склоп на сајтот civicamobilitas.mk. Функцијата за пребарување на сајтот civicamobilitas.mk треба да се надополни со опција за пребарување приказни според година, област на делување и географски регион на објавените приказни.<.p>

    - Генерирање извештаи на граѓанските организации (извештаи на грантистите на Цивика мобилитас, како и годишни наративни извештаи на организациите)

    Функции на алатката за граѓанските организации:

    - Генерирање и поднесување наративни извештаи од страна на грантистите на Цивика мобилитас. Ова ќе се врши преку онлајн интерактивен формулар кој ќе ги води логираните грантисти низ процесот на известување (веќе постои база на податоци на грантисти, а оваа алатка треба да биде интегрирана во базата на Цивика мобилитас). Притоа ќе има различни инструкции во зависност од тоа дали се работи за акциски грантист (што добил грант за да спроведе конкретен проект) или институционален грантист (што добил грант за ја зајакне организацијата и да се поддржат сите нејзини активности). Алатката ќе нуди детални појаснувања и примери за секој од сегментите на извештајот. На соодветни места ќе има можност да се прикачат фотографии, илустрации и документи (списоци на присутни, агенди, дописи, анализи, публикации и сл.). Притоа грантистите треба да имаат можност во секое време да го прекинат внесувањето информации и да го зачуваат внесеното. Финално генерираниот извештај ќе може да се зачува како ПДФ документ. Алатката треба да има способност да доставува известувања до грантистите (на регистрираните мејл адреси на секој грантист) дека се ближи рокот за поднесување извештај, дека го пропуштиле рокот, дека е потребно да направат корекции на извештајот или дека извештајот им е одобрен. Алатката треба да ги интегрира поднесените наративни извештаи во база на податоци каде што ќе може да се пребаруваат по година, област на делување и вид на грантист (акциски или институционален).

    - Генерирање годишни организациски извештај за сите заинтересирани граѓански организации. Ова ќе се врши преку онлајн интерактивен формулар кој ќе ги води граѓанските организации низ процесот со соодветни инструкции. Алатката ќе нуди детални појаснувања и примери за секој од сегментите на извештајот. Алатката ќе нуди можност за генерирање на табели со квантитативни податоци според соодветните индикатори. На соодветни места корисниците ќе имаат можност да внесат фотографии и илустрации. На крајот, корисниците ќе треба да имаат можност да го зачуваат годишниот организациски извештај, во ПДФ документ или во ХТМЛ верзија. Доколку корисникот сака да го зачува документот како ПДФ документ, треба да има неколку формати (templates) од кои ќе може да избере и во кои ќе може да внесе лого, или пак да има можност да прикачи меморандум на организацијата во кој ќе се внесе извештајот. Граѓанските организации што не се грантисти на Цивика мобилитас, ќе имаат опција да изберат дали само да го преземат годишниот извештај или и да се зачува на нивниот профил и со тоа да биде јавно достапен.

    - За логираните институционални грантисти, внесените информации кои ги внеле во извештаите до Цивика во одредена година, треба да имаат опција податоците автоматски да бидат преземени во формуларот за годишен организациски извештај.

    Функционалности на алатката за тимот на Цивика мобилитас:

    - Следење на состојбата со извештаите од грантистите. Преку алатката тимот на ЦМ ќе има пристап до податоци за тоа колку и кои грантисти поднеле извештај во предвидениот рок, колку и кои граѓански организации доцнат со поднесување извештај, кога секој грантист поднел извештај. Цивика мобилитас ќе има еден супер-администратор кој ќе има целосен преглед на сите активности на платформата, а грант менаџерите на Цивика мобилитас ќе имаат пристап само до информации за грантистите за чии грантови се одговорни.

    - Давање повратна информација до грантистите за нивните извештаи. Цивика мобилитас, односно грант менаџерите на програмата, преку алатката ќе имаат можност да побараат измена и дополнување на одредени делови од извештајот и ќе можат да го одобрат извештајот.

    - Генерирање агрегирани статистички податоци за активностите на грантистите. Алатката исто така ќе нуди и агрегирани статистички податоци од сите поднесени извештаи, кои ќе бидат достапни на веб-страницата на програмата (пр. вкупен број на организирани настани од грантистите во тримесечен/шестмесечен/годишен или повеќегодишен период, број на обуки/работилници/презентации/дискусии/консултации, вкупен број на присутни на настаните на грантистите, број на мажи и жени на настаните, претставници на различни региони и сл.).

    4. Рок на спроведување

    Наведените задачи треба да бидат завршени заклучно со 15 јули 2018 г.

    5. Финансиски надомест

    За избраниот ИТ експерт или тим од експерти е предвиден надомест во максимален износ од 193.520 денари.

    6. Услови и критериуми за избор

    Експертот (тимот на експерти) треба да ги исполнат следниве услови::
    1. Искуство од најмалку 5 години во развивање веб алатки;
    2. Искуство во развивање веб алатки кои се слични по форма со предметот на оваа набавка;
    3. Искуство во соработка со граѓански организации и донаторски финансирани проекти; Експертот (тимот на експерти) ќе се избере врз основа на следниве критериуми:
      1. Професионално искуство во развивање веб алатки;
      2. Професионално искуство во развивање веб алатки кои се слични по форма со предметот на оваа набавка;
      3. Професионално искуство во соработка со граѓански организации и донаторски финансирани проекти;
      4. Висина на финансиска понуда;
      5. 7. Начин на аплицирање

        Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на кратка биографија и финансиска понуда (без ДДВ) на zenith@zenith.org.mk заклучно со 10.05.2018 г.

        ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

        За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на zenith@zenith.org.mk

        ______________________________________________________________________

        Повик за ангажирање експерт за поддршка во изработка на водич за известување и онлајн ресурсен центар со електронски алатки за набљудување и оценување

        1. За проектот

        Проектот „Нема подобрување без мерење – иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“ има за цел да го унапреди управувањето со граѓанските организации во Македонија и да ја подобри нивната способност да мобилизираат ресурси и конституенти за промовирање општествена промена. Специфична цел на проектот е да ги унапреди капацитетите и соработката за систематско набљудување, оценка и известување на граѓанските организации во Македонија. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, а е спроведуван од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

        2. За целите на водичот за известување и електронските алатки за набљудување и оценување

        Во склоп на активностите на проектот, треба да се изработи Водич за известување кој ќе ги зајакне капацитетите на граѓанските организации во подготовка на извештаи и кон донаторите и кон јавноста. Дополнително, треба да се подготват и електронски алатки за набљудување и оценување кои ќе содржат различни модули, вклучително и за подготовка на онлајн извештаи, приказ на успешни постигнувања и генерирање на предлог показатели во различни области на делување на граѓанските организации.

        3. Работни задачи

        Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности. Експертот, во соработка со проектниот тим, треба да ги оствари следните задачи:
        1. Развиен план за реализација на активностите со предлог содржина на продуктите кои треба да се изработат
        2. Спроведено истражување и анализа на секундарни извори на податоци
        3. Поддршка во подготовка на водич за известување
        4. Поддршка на Асоцијацијата Зенит во подготовка на содржина за сите посебни модули за електронски алатки
        5. Презентација на водичот и на електронските алатки на настан со граѓански организации

        4. Рок на спроведување

        Наведените задачи треба да бидат завршени заклучно со 21 мај 2018 г.

        5. Критериуми за избор

        Експертот кој ќе биде ангажиран ќе се избере врз основа на следниве критериуми:
        1. Искуство од најмалку 5 години во областа на набљудување, оценување и известување на донаторски проекти;
        2. Искуство од најмалку 5 години во спроведување на истражување и анализа на секундарни извори на податоци;
        3. Искуство од најмалку 5 години во соработка со граѓанското општество и донаторски финансирани проекти;
        4. Оправданост и соодветност на финансиската понуда согласно искуството на експертот.

        6. Начин на аплицирање

        Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на кратка биографија и финансиска понуда на zenith@zenith.org.mk заклучно со 16.04.2018 г. Финансиската понуда треба да содржи бруто сума по ден, број на денови потребни за извршување на наведените задачи и истата претставува предмет на преговори и одобрување од страна на корисникот на услугата, т.е. Асоцијацијата Зенит.

        ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

        За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на zenith@zenith.org.mk

        ______________________________________________________________________

        Повик до граѓански организации за учество во мрежа за подобрување на јавните услуги

        Ги повикуваме заинтересираните граѓански организации да се приклучат во формирање на мрежа на граѓанското општество за подобрување на јавните услуги. Целта на мрежата е да изгради дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и јавните институции за подобрување на јавните услуги, како и заедничко спроведување мерки од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 во делот посветен на испорака на јавни услуги. Министерството за информатичко општество и администрација ја поддржа иницијативата и изрази подготвеност за соработка со мрежата на граѓански организации, согласно определбите на Владата за отвореност и инклузивност во креирањето на јавните политики.

        На повикот може да се пријават заинтересирани граѓански организации кои имаат претходно искуство во активности поврзани со истражување, мониторинг или застапување за промени во јавната администрација, со фокус на испорака на јавните услуги во различни сектори. Предност ќе им се даде на организации кои доаѓаат од внатрешноста. Организациите кои ќе бидат избрани за учество во мрежата ќе имаат можност да ги зајакнат своите капацитети за граѓанска мобилизација, мониторинг, застапување и информирање на граѓаните во врска со испораката на јавните услуги, како и можност за развивање на идеи за иновативно ИТ решение за унапредување на работата на мрежата. Подетално, организациите ќе бидат дел од следните активности:

      6. Две работилници, каде покрај граѓанските организации ќе учествуваат и претставници на државните институции;
      7. Периодични консултативни средби на мрежата на граѓански организации;
      8. Дебата за подобрување на испораката на јавните услуги;
      9. Развој на иновативно ИТ решение како алатка за поддршка на работата на мрежата;
      10. Промотивни активности во рамки на проектот.
      11. Во рамки на работилниците ќе биде организиран натпревар за иновативно ИТ решение во сферата на јавните услуги. Врз основа на најдобрата идеја, која ќе биде избрана од организациите кои го спроведуваат проектот во соработка со членките на мрежата, ќе биде изработена алатка која ќе овозможи механизми за вклучување и информирање на граѓанските организации и граѓаните во врска со испораката на јавни услуги. Идеите може да бидат во форма на веб апликации или апликации за паметни телефони, а да се однесуваат на: обезбедување информации за испораката на јавните услуги, известувања за проблеми за пристапност и инклузивност во испораката на јавни услуги, следење на квалитетот и задоволството на корисниците, обезбедување граѓански простор за давање мислења за можни подобрувања во испораката на јавните услуги и други соодветни теми.

        Заинтересираните организации треба да испратат:

      12. Портфолио на организацијата со претходни проекти и активности во областа на јавната администрација и/или јавните услуги;
      13. Номинација на едно лице кое ќе учествува во активностите предвидени во рамки на проектот, со наведување на неговото/нејзиното искуство во областа на јавната администрација и/или јавните услуги.
      14. Портфолиото на организацијата и номинацијата на едно лицe треба да се испратат на следните е-mail адреси: iskra.belcheva@cup.org.mk и todoroski@zenith.org.mk најдоцна до 09.03.2018 година.

        Претставниците на организациите кои ќе бидат избрани за учество во мрежата ќе бидат информирани кон крајот на март 2018 година.

        Овој повик е во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испораката на јавни услуги“, финансиран од Европската унија, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП) и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Целта на проектот е да се зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација, со фокус на подобрување на системот на испорака на јавните услуги, што е предуслов за ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација.

        _______________________________________________________________________

        Оглас за вработување

        Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје огласува слободно работно место на позиција проектен координатор - за која описот е даден подолу. Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини (на македонски или англиски јазик), заедно со мотивациско писмо на zenith@zenith.org.mk не подоцна од 02 јануари 2018 година (вторник). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да го наведат називот на позицијата за која се пријавуваат. Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор.

        Главни задачи и активности:

      15. организирање и учествување на проектни настани;
      16. спроведување консултации за собирање инпут од граѓанското општество и споделување повратни информации и исходи;
      17. застапување на ставовите и интересите на граѓанското општество;
      18. подготвување, издавање и претставување публикации;
      19. организирање активности за јакнење на капацитетите на граѓанските организации;
      20. менторство и подучување на граѓанските организации;
      21. спроведување истражувања и анализи на секторски политики, предизвици и потреби.
      22. Потребни вештини и квалификации:

      23. универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус ќе се смета за предност);
      24. професионално искуство во работа на проекти (предност ќе имаат лица со искуство во: спроведување програми/проекти финансирани од Европската унија, проекти за зајакнување на граѓанското општество, проекти за учество на засегнатите страни во креирање политики или прописи, иницијативи за застапување односно лобирање, проекти што барале комуникација и соработка меѓу засегнати страни од повеќе сектори);
      25. комуникативност, тактичност, способност за тимска работа;
      26. познавање на законската и институционалната рамка за граѓанскиот сектор во Македонија;
      27. одлично познавање на англиски јазик и на Microsoft Word, Excel и PowerPoint;
      28. познавање на претпристапната помош од Европската унија ќе се смета за предност.
      29. Ангажман: 40 часа неделно.

        Договорот со избраниот кандидат ќе биде склучен на определено време (најмногу до 31.07.2018 година) и можност за продолжување, со претходен пробен период.

        Месечна нето-плата: 21.000 денари.

        _______________________________________________________________________

        Повик за прибирање понуди за услуга за изработка на софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите и водење соодветен електронски регистар

        1. Цел на повикот

        Преку стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) предвиден е ангажман на  економски оператор со искуство во развој на софтверски решенија, со цел да изработи  софтвер за  прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите од страна на деловните субјекти, како и водење соодветен електронски регистар, според стандардите и практиките на Европската унија.

        2. Цел на проектот за кој се изработува софтверот

        Проектот ќе развие и промовира иновативен модел за соработка меѓу граѓанскиот и бизнис секторот преку воведување сертификат за фер однос кон потрошувачите, што ќе го доделуваат граѓански организации како услуга насочена кон бизнис заедницата. Проектот на тој начин ќе придонесе за диверзификација на изворите на финансирање на граѓанското општество и влијанието врз спроведување на политики за заштита на потрошувачите и животната средина.

        3. Работни задачи

        1. Изработка на софтвер со веб бази на податоци според карактеристиките опишани подолу во повикот, интегрирана функционална алатка за генерирање извештаи во PDF формат и модул за скенирање на доставената документација со поплаката /жалбата од потрошувачот ( на пример: гарантен лист, сметки, слики и сл.). Генерираните извештаи треба да прикажуваат статистички податоци за жалбите, преземените дејствија од страна на компанијата, одговорите дадени на потрошувачите и исходите од постапувањето.
        2. Тестирање на изработениот софтвер, оптимизација и отстранување на евентуални недостатоци
        3. Обезбедување соодветна заштита од неовластено користење и копирање на софтверот, како и соодветна заштита на личните податоци кои ќе се внесуваат во софтверот односно во поврзаните бази на податоци
        4. Обезбедување регистриран домејн и хостинг за непречена работа на софтверот за период од најмалку 2 години
        5. Изработка на прирачник за користење на софтверот
        6. Обука на невладините организации кои ќе бидат вклучени во проектот за карактеристиките на софтверот (динамиката на обуката ќе биде утврдена во договор со засегнатите страни)
        7. Обука на сертифицираните претпријатија за инсталирање и користење на софтверот
        8. Техничка поддршка и обезбедување непречена работа на софтверот во период од најмалку 2 години
        Во понудата за изработка на софтвер покрај погоре наведените работни задачи и начинот на кој ќе одговорат на нив,  од понудувачите се очекува да достават и: а) Предлог на задолжителни полиња во електронски формулар за пријавување жалби на потрошувачите, кој би бил достапен преку веб, видовите и форматите на податоци, како и начинот на селекција/избор на податоци во формуларот б) Начин на внатрешно процесирање на преземените поплаки и жалби од потрошувач/и од страна на сертифицираните компании преку одговорно лице во компанијата (претставени преку дијаграм) в) Позадина и база на податоци. Системот треба да биде изграден со можност за користење од страна на  компании со различна големина и дејност. Самата база на податоци на жалби од потрошувачи треба е дизајнирана да биде поставена на локација достапна на менаџерот и одговорниот персонал на сертифицираната компанија. Покрај тоа треба да постои база на податоци на сертифицирани компании, верификатори и заинтересирани компании за сертификатот, како и база на податоци со агрегирани параметри од сертифицираните компании.

        4. Разлики во цена (корекција на цени)

        Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за набавката.

        5. Рок за извршување на услугата

        Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите по динамика договорена од двете страни. Работната задача под бр. 1 треба да биде завршена во времетраење од не подолго  од 6 месеци, а другите работни задачи одделно ќе бидат прецизирани.

        6. Начин на плаќање

        Се предвидува следниов начин на плаќање: 50%  од договорената сума по склучување на договор  во рок не подолг од 15 дена од денот на  склучување на договорот. Останатиот износ ќе се исплаќа по доставување на фактури за извршените услуги до Организација на потрошувачите на Македонија. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и ќе биде одбиена од страна на комисијата за набавки.

        7. Право на учество

        Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавката.

        8. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба, способноста за вршење на професионална дејност како и техничка или професионална способност

        8.1. Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба кои се во целост утврдени во законот и во овој повик, како и дека ги има на располагање сите документи утврдени во овој повик за докажување на исполнувањето на критериумите, доколку неговата понуда биде избрана за најповолна Понудувачот треба да ги поседува следниве документи за докажување на својата лична состојба и тоа:
        • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
        • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
        • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa
        • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
        • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
        • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
        • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
        8.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка. 8.3. За докажување на техничката или професионалната способност 8.3.1. Референтна листа на дадени исти или слични услуги во последните три години со вредности, датуми и купувачи, и евентуално описи; 8.3.2. Изјава со број, имиња и квалификации на ангажираните технички лица задолжени за давање на услугата

        9. Изјава за сериозност на понудата

        Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на документацијата на повикот.

        10. Начин на пријавување и избор

        Заинтересираните економски оператори треба да ги достават документите за пријавување исклучиво во електронска форма на  opm@opm.org.mk, (со назнака: повик за изработка на софтвер) заклучно со  29.12.2017 г. Документите за пријавување вклучуваат: а) Прилог 1– Понуда б) Прилог 2 – Скенирана изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба в) Прилог 3– Скенирана изјава за сериозност на понудата г)  Документ за регистрирана дејност д) Референтна листа на дадени исти или слични услуги во последните три години со вредности, датуми и купувачи, и евентуално описи; ѓ) Скенирана изјава со број, имиња и квалификации на ангажираните технички лица задолжени за давање на услугата е) Предлог за развој на софтвер со сите фази согласно дадените работни задачи; ж)  Предлог-структура на софтверот (графички приказ) Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена, односно ќе биде отфрлена за што економскиот оператор ќе биде известен, а истата нема да биде оценувана од страна на Комисијата за  набавки на Проектот.

        11. Критериуми за доделување на договорот:

        Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда. Елементи на критериумот економски најповолна понуда се:
        • ЦЕНА..............................................................................................30 БОДОВИ
        • КВАЛИТЕТ НА ПОНУДЕНИТЕ УСЛУГИ И ОСТАНАТИ УСЛОВИ................70 БОДОВИ
        Квалитетот на понудените производи и на работењето се определува врз основа на:
        • техничките карактеристики на понудениот софтвер и начинот на негова изработка и функционирање = 30 бодови;
        • техничко-технолошка способност (број на ангажирани соодветни лица за давање на услугата, референтни листи за развивање релевантни софтверски решенија, работа на теми поврзани со заштита на потрошувачи и/или слични теми поврзани со  пријавување на проблеми од страна на граѓаните до претпријатија, јавни власти или други корисници) = 20  бодови;
        • рок на давање техничка поддршка вклучен во цената = 20 бодови.
        Износот на договорот кој би се склучил по овој повик не може да надмине вкупно (без вклучен ДДВ), 889.575 денари.

        12. Дополнителни информации

        За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на opm@opm.org.mk.

        Целиот повик заедно со неговите анекси можете да го превземете ОВДЕ

        Recent work

        Justice sector reforms in Macedonia, Montenegro and Serbia - Comparative analysis of measures (2017)

        This paper presents a regional comparative analysis of the justice sector reform measures in Macedonia, Montenegro and Serbia, along with concrete recommendations for further steps in the reform processes, and positive examples that could be shared and replicated across the countries. The aim of this comparative analysis is to provide an overview of the main reform measures envisaged in the justice sector reform strategies in the three countries.

        The comparative analysis compares the reform measures and approaches in four strategic areas: efficiency; quality; independence and impartiality; and accountability. It contains an overview about the extent to which the national strategies or draft strategies point out that a specific challenge in the aforementioned areas exists and should be addressed. Furthermore, it focuses on the reform measures and activities, i.e. whether the strategic documents envisage concrete measures for tackling the noted issues, and whether these measures are adequate, relevant and justified. Where applicable, the analysis also offers an overview of the achieved results and tangible progress in meeting the envisaged goals of the reforms.

        Download: English

        Coordinative mechanisms for development, implementation, monitoring and evaluation of the justice sector reforms (2016)

        This publication provides an overview on the key inter-institutional platforms for development, implementation, monitoring and evaluation of the justice sector reforms in Macedonia, Montenegro, Serbia and Croatia, and then compares and assesses the bodies for implementation of the justice sector strategies in accordance with the following six aspects:

        • Competences of the bodies for implementation of the justice sector reform strategies;
        • Composition of the bodies;
        • Appointment and term of the members, as well as organization of the bodies;
        • Working procedures of the bodies;
        • Monitoring, evaluation and reporting on the implementation of the strategies;
        • Strategic planning and justice sector reforms.

        This analysis provides guidance on further development of the Council for justice sector reform in Macedonia, based on the regional experiences. By preparing this paper, the Association Zenith, with generous support from the Macedonian office of the Konrad Adenauer Foundation, aims to provide professional contribution to more successful implementation of the future and long-awaited justice sector reform strategy in Macedonia.

        Download: Macedonian | English

        Report from the consultation on priorities for the Public Administration Reform Strategy 2017–2022 (2016)

        This reports summarizes the views of the participants in the consultations which were given in person or by e-mail, including of 60 civil society representatives, higher education institutions and the business community which were all present at the event held in Skopje on June 30, 2016. The report was submitted to MIOA, to the experts from SIGMA which lead the process of preparation of the strategy, the Delegation of the European Union in Macedonia and other development partners. The elected representatives of the IPA 2 Mechanism, which are included in the thematic sub-groups for preparation of the strategy, will advocate these joint attitudes and views of the civil society. The report is segmented in six parts, which cover the five thematic areas of the Strategy, as well as the general issues regarding the management and coordination of the public administration reform.

        Download: Macedonian | English

        Analytical report assessing Macedonia's Legal Alignment with the EU acquis in the Sphere of Independence, Impartiality, Professionalism and Efficiency of the Judicial System (2014)

        This report is a résumé of a broader analysis with a complete and detailed analytical examination of the alignment with the standards set forth by the EU on independence, impartiality, professionalism and efficiency of the judiciary, as policy areas under chapter 23 – Judiciary and Fundamental rights. In the absence of a formal screening process, it provides an overview of the level of alignment at the end of 2014, and a comprehensive list of recommendations for priority actions that the relevant institutions should take.

        Download: Macedonian | English

        Increasing the efficiency of Macedonia’s and Montenegro’s Justice System: Introducing an Innovative EU Monitoring and Evaluation Mechanism in the sphere of Administrative Law (2014)

        The quality, transparency and efficiency of justice systems of EU candidate countries are important structural components for a sustainable track record in the area of rule of law and thus, are fundamental to the effective implementation of EU law. Accordingly, the paper aims to analyse Macedonia’s and Montenegro’s judicial performance monitoring and evaluation systems and initiate their alignment with innovative EU mechanism in this sphere. Additionally it seeks to compare and benchmark judicial performance and efficiency of administrative courts of the two countries’ with those of EU Member States.

        Download: English

        Judicial Independence in Macedonia: How Effective is EU Rule of Law-Conditionality in the Accession Process? (2014)

        This policy brief examines the effectiveness and appropriateness of European Commission’s approach in bolstering judicial independence in Macedonia. Consequently, it elaborates on how EU conditionality can be adapted to grasp the opportunity which arose with the introduction of the new approach in EU accession negotiations introduced in 2012, and influence deeply rooted and irreversible reforms in Macedonia in the realm of judicial independence.

        Download: English

        Embedding rule of law in the enlargement process: A case for EU political conditionality in the accession of the western Balkan countries (2013)

        The policy study sheds light on the EU political conditionality's application in the enlargement process, concentrating on instruments of benchmarking and monitoring, and examines whether they acted as a driver enabling the western Balkan countries to advance in the accession process. Identifying innovations and principles governing the process with Croatia and Montenegro, the study projects potential benchmarks which Macedonia could expect.

        Download: English

        Accession of Macedonia to the European Union: Mapping of constitutional implications and options related to the political criteria (2014)

        The policy study, endorsed by the Macedonian Academy of Sciences and Arts and the Ministry of Justice of Macedonia, examines constitutional amendments implemented in the EU Member States, which, among other things, enabled the unhindered implementation of the Community acquis in the national legal system and defined its range in the legal hierarchy of the country. Based on this, the study defines options and provides recommendations for Macedonia.

        Download: Macedonian

        Short analytical report assessing Macedonia's legal alignment with the EU acquis in the sphere of judicial cooperation in criminal matters: State of play and future steps (2013)

        The report, endorsed by the Ministry of Justice of Macedonia, summarizes a wider assessment of Macedonia's legal alignment with the EU acquis on judicial cooperation in criminal matters, as a policy area under Chapter 24. In the absence of a formal screening process, it provides an overview of the level of alignment at the end of 2013, and lists recommendations for priority actions that the authorities should take.

        Download: Macedonian | English

        Bolstering the Rule of Law in the EU Enlargement Process towards the Western Balkans (2013)

        Developed by a Zenith visiting research fellow to the Netherlands Institute of International Relations "Clingendael", the Brief argues that the adoption of a new, rule of law centered enlargement strategy for the western Balkan would increase the credibility of the process and the potential for improving the accession countries' performance. However, it should not keep the prospect of EU membership at arm's length, as this would jeopardize the necessity to stabilize the western Balkan.

        Download: English

        Mechanisms used by Macedonia's executive authorities to ensure stakeholders' participation in policy-making: Evaluation and recommendations (2012)

        The paper presents existing mechanisms used by the executive authorities in Macedonia to ensure stakeholders' participation in policy-making at national level, provides a critical overview of their application, puts forward alternative solutions and assesses their impact on the basis of two criteria: feasibility and democratic approach.

        Download: English | Macedonian

        Mission

        The Association for Development Initiatives – Zenith is an independent, non-governmental, non-profit and non-partisan organization in Macedonia. Our mission is to examine, create and promote practices that foster development and democratic governance through:

        • Developing and promoting democratic practices
        • Аdvancing civil society
        • Developing the legal and judicial system
        • Reducing poverty, while fostering sustainable development, and
        • Promoting corporate social responsibility

        We work in partnership with individuals and organizations from Macedonia and abroad to research, establish and promote activities and practices of development and good governance that contribute to social progress and well-being. In doing so, we conduct research; organize educational activities and training; prepare seminars, discussions and debates; carry out publishing and advocacy activities. In our activities, we cooperate with the public, private and civil sector and individuals in accordance with our mission and objectives.

        Objectives

        With our work, we seek to:

        • Foster citizen participation in decision-making and in formulating public policies on national and on local level;
        • Promote, evaluate and support the EU integration process;
        • Enhance the effectiveness and efficiency of public institutions and their responsiveness;
        • Strengthen the capacities for public policy design and implementation;
        • Advance the responsibility and accountability of the public, private and civil sector to their stakeholders and the general public;
        • Promote and protect human rights, and support the development of equitable legal and regulatory framework and its impartial application;
        • Develop mechanisms and opportunities for all the social groups, and especially the vulnerable ones, to improve their wellbeing;
        • Advocate for greater availability of information to citizens and the public and improve their intelligibility, accuracy and completeness.

        Zenith's Annual Report for 2016